December 2, 2021 04:07
Македонија

Променливо облачно со повремен дожд, на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови, каде локално ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен до југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд од претпладневните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен до југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат краткотрајно поројни. Ветерот што ќе дува од јужен правец за време на викендот ќе услови повисоки температури.