December 7, 2021 01:11
Македонија

Променливо облачно и потопло време

Времето ќе биде променливо облачно и потопло со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 17 степени.

До петок следува период на стабилно и потопло време, со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Врнежи од дожд се очекуваат во сабота.