December 9, 2022 14:40
Македонија

Променливо и нестабилно време до крајот на неделава

До сабота ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер, соопшти УХМР.

Утре ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи, а во сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, наместа пообилни. Од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.