Македонија

Промени во Алфа телевизија: Никола Крстиќ нов главен и одговорен уредник

Никола Крстиќ е нов одговорен уредник на ТВ Алфа. Тој на оваа позиција доаѓа после двегодишен ангажман во Гласот на Америка. Крстиќ најавува надградба на досега сработеното.

-Гледачите судат за нашата работа. Токму затоа довербата што веќе ја имаме од нив останува наш приоритет. Уверен сум дека со подновен и подмладен тим кој во моментов се проширува ќе можеме да одговориме на сите предизвици, изјави Крстиќ.

Тој додава дека дадената доверба да се биде одговорен уредник на телевизијата која важи за критички настроена е посебен предизвик.

-Алфа и досега ја прикажуваше реалната состојба во Македонија, без филтри и задршки. Ќе продолжиме така зашто медиумите мора да бидат коректив на власта и со тоа да помогнат во градењето на подобро и поправедно општество“ додава тој.

Генералниот директор на телевизија Алфа, Јани Бојаџи, вели дека е убеден оти новиот одговорен уредник ќе внесе свежина и енергија потпирајќи се на искуството од Гласот на Америка, медиум со меѓународно реноме.

Никола Крстиќ доаѓа на позицијата на Искра Коровешовска која беше одговорен уредник повеќе од две години. Таа останува во телевизијата како дел од тимот на вестите.

Крстиќ има 15 годишно новинарско, пред сѐ телевизиско искуство. Кариерата ја започнал во А1, а потоа ја продолжил во Канал 5 Плус, Македонската Телевизија и во Алфа. Оттаму заминал во Вашингтон каде две години работел како новинар, презентер и главен продуцент за македонската редакција на Гласот на Америка.

english dubbed anime. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

watch anime online Banished from the Hero’s Party, I Decided to Live a Quiet Life in the Countryside

Black Clover Episode 162

One-Punch Man

Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train

free anime Tokyo Revengers (Dub)

tải go88