June 21, 2021 18:08
Македонија

Промените во СДСМ спој на искуство и нова енергија

Спој на искуство и нова енергија, вака лидерот на СДСМ Зоран Заев доцна синоќа ги квалификува кадровските промени и решенија изгласани на 26. партиски конгрес.

Делегатите на конгресот за заменик претседател ја избраа Сања Лукаревска. За генерален секретар е реизбран Љупчо Николовски, додека нови потпретседатели се Фатмир Битиќи и Венко Филипче, покрај актуелните и повторно избрани Мила Царовска и Оливер Спасовски.

На конгресот за секретар за меѓународна соработка е избран Бојан Маричиќ, а за претседавач на ЦО Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово.

Членови на Извршниот одбор се Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Андријана Будимир, Благој Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зекири, Мелиса Ценовска Серафимовска, Никица Бачоски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Трпчевска, Васко Ковачевски. Организациски секретар е Мартин Попов.

СДСМ смени и две третини од членството на Централниот одбор. Како што напомена Заев, застапена е родовата и возрасната еднаквост, но голем дел од членовите се луѓе од различни сфери, докажани во своето делување, кои досега не биле дел од партиските структури: правници, економисти, социолози, медицински лица, лекари, специјалисти…

-Новиот состав на ЦО е доказ дека СДСМ продолжува да се менува. Поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување. Овој состав е нова свежина, гарант дека промените во СДСМ не се случајни и стихијни, туку дека се континуитет со кој уште попосветено им служиме на граѓаните и државата. Тимот што победува не се менува, туку го надградува победничкиот менталитет. Таква особина имаат државотворните партии како што е СДСМ. Изгласен е предлогот за партиско освежување на Централниот одбор, две третини се нови лица. Составот е спој на искуството и нова енергија, содржи контуниитет и нови лица. Со ова правиме значајно освежување на најзначајниот орган, но го задржуваме искуството. Од 120 членови на новиот ЦО 60 се жени и 60 мажи, целона родова еднаквост. Млади се вкупно 45 члена или 37,5 проценти што е највисок процент во која било партија во државата, нагласи Заев на прес-конференцијата по конгресот.

СДСМ, дополни партискиот лидер, уште еднаш покажа силно, одлучно, одговорно и државничко однесување.

Заев најави ново четиригодишно поглавје со јасно зацртани цели – европска иднина, економски развој, успешно справување со пандемијата, масовна имунизација, неселективно владеење на правото и европски стандарди дома.

-Темелот на новата политика, промените и новата енергија се обезбедени. Први сме во промените, во вредностите. СДСМ е носител на новото време. Направивме многу во изминатите четири години и постигнавме значајни успеси – државата ја исправивме на прав пат, на патот на евроинтергациите, челенството во НАТО, обезбедивме иднина, стабилност, интегритет и гордо го штитиме идентитетот. Економијата е стабилна, реформите во правосудството даваат резултат и секојдевно расте довербата во правдата, потенцира Заев.

Конгресот на СДСМ се одржа електронски поради корона пандемијата.

AniWatch animes online: Dr. Stone: Stone Wars (https://aniwatch.pro/m/BgB5) Episode 11

AnimeFreak kiss x sis animefreak: Watch Horimiya (Dub) Episode 12