February 29, 2020 00:22
Скопје

Променет сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“

АМСМ информира дека „Виадукт Трејд“ денеска ќе започне со изведување на градежни активности на дел од ул. “Ѓорче Петров” од крстосница со бул. “Кузман Јосифовски Питу” до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово, во времетраење од 10 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).