April 8, 2020 13:53
Економија

ПроКредит Банка АД Скопје изврши исплата на пензиите за месец март.

ПроКредит Банка АД Скопје денес, 25ти март, изврши исплата на пензиите за месец март.

Клиентите на банката може да ги користат своите пензии веднаш преку нивните MasterCard картички на банкоматите од сите банки во земјата без провизија до 3 пати во месецот.

Дополнително на клиентите на банката 24/7 им стојат на располагање и платформите за електронско и мобилно банкарство, како и можноста за користење на своите платежни картички за секаков тип на безготовински трансакции онлајн или во продажните објекти во земјата и странство.