August 22, 2019 07:48
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник”

Продолжува судењето за „Титаник”

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник” на Специјалното јавно обвинителство продолжува денеска во Основниот кривичен суд Скопје.

Ова е второ рочиштте за „Титаник” неделава по едномесечната судска ферија.

Предметот го води судијата Осман Шабани и се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.700 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Застапник на обвинението е Лиле Стефановска, која вчера беше повикана на ОЈО да даде исказ за случајите „Империја” и „Рекет”, а по објавените снимки и разговори од италијанскиот весник „Ла Верита”.

Одбраната, на почетокот на рочиштето во понеделникот, побара одложување поради новонастанатата ситуација и оставката на СЈО Катица Јанева, но судијата Шабани, рече дека се исполнети сите услови за одржување на денешното рочиште.

Обвинетиот Едмонд Темелко, пак, го извести судот дека на 14, 15 и 16 август ќе биде на лекување во Корча и нема да може да присуствува на следното рочиште. Судијата Шабани, посочи дека, за тоа мора да го извести судот со писмен поднесок.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник” обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.

Нови вести

Адвокатот Павлески се откажува од Панделевски – Ќе ја застапува само Катица

24news

Како Груевски ја бранеше Јанева дека била стручна, искусна и стабилна личност

24news

За Јанева нема место во „хашкиот оддел“ во Шутка

Igor