January 23, 2021 03:01
Македонија

Продолжува судењето за организаторите на „27 април”

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието.од 27 април 2017 година.

На претходното рочиште одржано на 16 ноември, за упадот и насилствата во Собранието сведочеа поранешни и актуелни пратеници.

Сите потврдија дека тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски ја водел седницата согласно Деловникот и Уставот, како и дека се потпишале на барањето седницата да продолжи следниот ден.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Naruto (Dub) (https://animeplanet.cc/m/BbW) Episode 220 at website https://animeplanet.cc anime planet me

One Punch Man Episode 12 at website https://kissanimeonline.com kissanime food wars