Во декември: Вкупните депозити се зголемија за 3,0% на месечна основа. На годишно ниво, вкупните депозити се повисоки за 5,9% под влијание на растот на депозитите кај двата сектора, поизразен кај секторот „домаќинства”. Вкупните кредити забележаа месечен раст од 1,1%, а во споредба со истиот период од претходната година, вкупните кредити се повисоки за 4,7%. Растот е резултат на зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на:
http://nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2020/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2020_dekemvri_mk.pdf