December 7, 2022 21:07
Хроника

Продолжува потрагата по патниците од „голфот“ што пропадна во Вардар кај Желино

Во околината на тетовско Желино и денеска продолжува потрагата по возачот и евентуални сопатници од автомобилот што излета вчера во реката Вардар. Тетовската полиција вчера околу 11 часот и 30 минути доби пријава дека излетало возило марка „фолксваген голф 4″ со кумановски регистерски таблици, кое во текот на денот беше извлечено од речното корито со градежна механизација, но не беа најдени луѓе внатре.

-До овој момент не е пронајдено лицето или евентуално лицата кои биле во возилото. Од 8 часот утрото продолжи пребарувањето на водите на Вардар, во што се вклучени полициски службеници на МВР, односно СВР Тетово. Се пребарува од двете страни, информираа од СВР Тетово.

Во текот на вчерашниот ден покрај специјализирана екипа од МВР, тетовските пожарникари, полицајци и вработените во Општина Желино, во потрага учествуваше и екипа на нуркачи од Дирекција за заштита и спасување Велес. Потрагата се одвиваше се до стемнувањето.