April 8, 2020 12:52
Скопје

Продолжува дезинфекцијата на згради во Општина Карпош

Општина Карпош информира дека продолжува вонредната дезинфекција на сите колективни станбени единици-згради што имаат повеќе од осум домаќинства.Се работи за еднократна поддршка од општината, како резултат на состојбата со коронавирусот.

Фотографија на Stefan Bogoev.

-Оваа активност почна во текот на вчерашниот ден, но интензивно продолжува денеска и до крајот на неделата, кога се очекува да бидат дезинфицирани сите згради во Карпош.Ги повикуваме сите граѓани да се придржуаат до препораките за заштита од вирусот, да одржуваат зголемена хигиена во влезовите и заедничките простории од згради.- стои во соопштението од општината.

Фотографија на Stefan Bogoev.