November 19, 2019 22:32
Македонија

Продолжуваат активностите и средбите со претставниците на Европските институции во Брисел

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров во рамки на работната посета на Брисел оствари засебни средби со европратениците: Михаел Галер (ЕПП, Германија), Кати Пири (СД, Холандија) и Дубравка Шуица (ЕПП, Хрватска). На средбите беше изразено целосно разбирање за нашите очекувања и европски аспирации и изразена надеж дека европските лидери сепак ќе успеат да постигнат консензус околу заслужената одлука за почеток на  преговорите со Северна Македонија. Притоа беа разменети мислења за идни чекори, како и за импликациите во случај на недонесување одлука во земјта, пошироко во регионот на Западен Балкан, како и за самата кредибилност на ветената европска перспектива. Попладнето, МНР Димитров се приклучува кон активностите од програмата на премиерот Заев: средби со комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, претседателот на Европски парламент Давид Мариа Сасоли, како и со претседателот на Европски совет Доналд Туск.

Нови вести

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Filip

Каевски на трибина во Ресен: Наскоро завршува реконструкцијата на спортската сала, следува и изградба на ново игралиште

Filip

Премиерот Заев и министерката за финансии Ангеловска со новинари од повеќе медиуми: Буџетот е ликвиден и реален, израз на крупните политики и храбри одлуки

Filip