April 2, 2020 20:12
Спорт

Проблем на Јуве: Фудбалот на Сари е невозможен за Кристијано Роналдо

– Поранешниот фудбалер на Јувентус и Наполи, Емануел Џакерини ги анализира проблемите на „бјанконерите”.

Актуелниот играч на Киево го познава италијанскиот тренер на „црно-белите”, Мауруцио Сари од нивниот заеднички престој на „Сан Паоло”.

Според него, стилот на стручњакот, популарно наречен „Сарибол” не одговара на Кристијано Роналдо, што влијае на целиот тим.

„Јувентус се одлучи за тренер, кој се потпира на брзо преминување на фазите од играта. Тешко е тоаво присуство на Кристијано Роналдо, кој има свој стил. Не можете да го замолите да направи одредени работи … Сари се бори, затоа што тоа е тим создаден со текот на годините да игра различни видови на фудбал. Според мене, Марио Манџукиќ би бил совршен, но во Торино донесоа поинаква одлука. Јуве игра со бавно темпо. Нема игра со еден или два допири на топка. Тоа е затоа што во Наполи, Сари имаше различен тип на играчи. Тимот игра за Кристијано, па Сари е тој што треба да се прилагоди, а не обратно”, рече Џакерини.

Критиките на „Старата дама” продолжуваат заради лошата изведба во последниот месец. Синоќешниот пораз од 0: 1 во првиот осминафинален натпревар од ЛШ против Олимпик Лион ги зголеми тензиите, а сето тоа се случува пред големото дерби со Интер, што ќе се одржи в недела.