December 1, 2022 17:41
Свет

При хакерски напад загрозени личните податоци на повеќе од 10 милиони жители на Австралија

Австралиската полиција ја истражува кражбата на лични податоци на 10.000 корисници на телекомуникациската компанија „Оптус” (Optus), која беше цел на хакерски напад и е побаран откуп од еден милион австралиски долари во криптовалута, соопшти компанијата.

Од „Оптус”, вториот по големина мобилен оператор во Австралија, кој е во сопственост на „Сингапур телеком” украдени се податоците на 10 милиони корисници, вклучително и домашни адреси, возачки дозволи и броеви на пасоши, биле компромитирани во едно од најголемите истекување на лични податоци во Австралија.

Хакерите денеска соопштија дека ги избришале податоците поради преголемото медиумско внимание и оти го повлекуваат барањето за откуп. Тие исто така изразија жалење поради протекувањето на податоците на 10.200 Австралијци.

„Оптус” и австралиската федерална полиција, кои соработуваа со американското Федерално истражно биро (ФБИ) и други агенции вклучени во истрагата, одбија да ги коментираат наводите на хакерите.