August 20, 2022 00:51
Свет

При американски напад во Сирија убиен екстремистички лидер

Лидер на екстремистичката група поврзана со Ал Каеда е убиен во американски воздушен напад во Идлиб во северозападна Сирија, соопштија американски претставници и сириска невладина организација.

Централната команда на САД вчера соопшти дека цел бил убиен Абу Хамза ал Јемен, водачот на групата Хурас ал-Дин.

Американските власти имаат високо ниво на уверување дека екстремистички лидер е убиен во напад со беспилотно летало, изјави функционерот, јави американската телевизија Си-ен-ен.

Според Централната команда на САД, „елиминацијата на високо рангиран водач ќе го наруши капацитетот на Ал Каеда да врши напади врз американските граѓани, нашите партнери и невините цивили ширум светот”.