December 1, 2020 09:00
Хроника

Притвор за кумановец, криел кокаин во кутија од цигари

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 22 октомври, осомничениот 28-годишен кумановец, движејќи се во близина на влезот на Ургентен центар во Куманово, кај себе држел 7 грама наркотична дрога – кокаин спакувана во две најлонски опаковки во кутија од цигари и во паричникот. Дрогата му била пронајдена при личен претрес од страна на овластени службени лица.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, поради опасност од бегство и можност да го повтори кривичното дело.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решение со кое му определи мерка притвор во траење од 30 дена.