April 2, 2020 17:27
Хроника

Притвор за гевгеличанец кој силувал малолетничка кај негов другар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против А.В.(23) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

На 25.02.2020 во 10.00 часот во Одделението за внатрешни работи Гевгелија, 40-годишна жена од Гевгелија пријавила дека на 23.02.2020 околу 13.00 часот во Гевгелија А.В.(23) од Гевгелија со употреба на сила извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

Од страна на судијата на претходна постапка при Основен Суд Гевгелија одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Гевгелија.

Според информации од обвинителството, осомничниот на 23 февруари присилил на обљуба девојче на возраст од 14 години. Оштетената дошла во домот на осомничениот заедно со нејзин другар. Во домот на осомничениот имало уште едно лице, кое ја турнало оштетената во собата со осомничениот и ја заклучило. Со употреба на сила и закани, осомничениот извршил обљуба врз малолетничката, која цело време викала и барала помош, а потоа и се заканил на никого да не кажува за настанот.