June 23, 2021 07:10
Хроника

Притвор за битолчанецот кој дома чувал „калашников“

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен жител на Жабени за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело
– Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

 

Осомничениот, на 12 мај, во неговиот автомобил држел пиштол марка „Застава“ со калибар 6,35 мм и шест куршуми за тој пиштол. При претрес, пак, во неговиот дом во Жабени биле пронајдени и една автоматска пушка со калибар 7,62 мм и 15 куршуми од тој калибар. Оваа пушка претставува оружје чие набавување и поседување е забрането за граѓаните.

Надлежниот јавен обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​

AnimeDao animedao reddit: Watch Bleach Episode 282

4Anime watch anime online: My Hero Academia (https://4anime.biz/m/2PY) Episode 13