Хроника

Притворен Албанец кој претепал сонародник во Врапчиште

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело- Тешка телесна повреда од член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот е државјанин на Република Албанија кој во село Неготино, општина Врапчиште престојувал во напуштена куќа, без регулиран престој во државава. Заедно со него во куќата престојувале уште петмина државјани на Република Албанија. На 14 мај, додека вечерале и консумирале алкохол, меѓу двајца од нив дошло до вербална расправија. Сега осомничениот во еден момент со тупаница во челото го удрил оштетениот и му нанел видлива повреда. Од ударот оштетениот паднал, при што се здобил и со дополнителни тешки телесни повреди изразени како фрактури на две ребра.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар го уважи предлогот на надлежниот јавен обвинител и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена. Притоа особено се ценеше фактот дека лицето не приложи доказ за регулиран престој во земјава и дека постои опасност тој да се даде во бегство со цел да го избегне кривичниот прогон.

Нови вести

(Фото) Пожарникарите спасуваа човек на 17 кат во Карпош 4

Igor

ОЈО Кичево ја расчистува сообраќајната несреќа во која загина мотоциклист

Filip

Девојка со нож расекла малолетничка поради момче

Igor