August 25, 2019 05:18
Живот

Природни рецепти против надуеност

Најчест причинител на надуеност е голтањето на воздух преку јадењето, поради брзото јадење и недоволното џвакање на храната.

Надуеноста во цревата предизвикана од бактериите се случува доколку цревната флора е пореметена, на пример при земање на антибиотици, поради прејадување и интолеранција на лактоза и сл.

Чудотворен тоник против надуеност

Состојки:

– шолјичка вода

– малку мелен ѓумбир

– малку мелен ким

– малку морска сол

– ½ лажичка семки од коморач

Подготовка:

Кога водата ќе зоврие ставете ги сите состојки. Варете околу пет минути. Оставете го малку да се олади и испијте го топол. Надуеноста би требало да исчезне во рок од половина час.

Благотворна камилица

Цветовите од камилицата се употребуваат кај проблемите со варењето, најчесто за ублажување на опстипацијата и надуеноста. Една лажица цветови од камилица прелијте ги со 2 дл врела вода и поклопете ги пет до десет минути. Процедете и испијте. Чајот немојте да го подгревате ниту долго да го оставате поклопен, бидејќи така се губат лековитите својства на камилицата.

Напиток од ананас и целер

Состојки: Половина мал ананас, половина главица коморач, две стебленца целер со листови, парче корен од ѓумбир со големина од 2 до 3 саниметри.

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер и додадете малку вода по желба. Мешајте го напитокот додека не добиете еднолична смеса. Пијте го на празен стомак додека да исчезнат тешкотиите.

Нови вести

Кога ќе видите што се случува со тетоважата на оваа девојка, ќе останете без текст

24news

Вистина која ќе ве шокира: Еве што навистина се случува кога ќе ве излиже куче

24news

Вијагра од минута во минута, еве што се случува кога ќе ја испиете сината пилула

24news