February 3, 2023 13:36
Свет

Природните катастрофи предизвикале околу 115 милијарди долари осигурени загуби од 2022 година до денес

Природните катастрофи предизвикаа околу 115 милијарди долари осигурени загуби од 2022 година до денес, надминувајќи 100 милијарди долари втора година по ред, процени денеска швајцарскиот гигант за реосигурување Swiss Re.

– Ураганот Иан и другите екстремни временски настани како што се зимските бури во Европа, поплавите во Австралија и Јужна Африка, како и градот во Франција и во САД резултираа со околу 115 милијарди долари осигурени загуби од природни катастрофи до денес, се вели во соопштението на Swiss Re.