November 25, 2020 23:16
Магазин

Принцот Хари и следната прва дама на САД се познаваат осум години, тврдат таблоидите

Одлуката на војводата и војвотката од Сасекс да се појават во специјалното издание на „Еј-би-си“ Тајм100, охрабрувајќи ја американската јавност да гласа на претседателските избори, наводно, предизвика многу котроверзи.

„И сега, со избраниот претседател Џо Бајден, кој набргу ќе се всели во Белата куќа, се појави неконвенционална политичка конекција – таа на долгогодишното пријателство на принцот Хари со следната прва дама на САД, д-р Џил Бајден,“ пишуваат британски таблоиди.

А „Инсајдер“ известува дека војводата бил во добри односи со д-р Џил од кога се запознале пред осум години, додека тој сè уште бил официјален член на британското кралско семејство.

Тие се запознале во мај 2012 година, на прием за ранети американски и британски војници што се одржал во резиденцијата на британскиот амбасадор во Вашингтон.

Хари и Џил се чини дека брзо создале пријателска врска, а Џил потоа патуваше во Лондон за да присуствува на инаугуративните кралски игри Invictus Games во 2014 година, каде беа фотографирани како разговараат и се смеат заедно, пишува Insider.

Кога Џил продолжила да присуствува на игрите „Инвиктус“ во Орландо во 2016 година со тогашниот потпретседател Џо Бајден, Џо се пошегувал дека е малку загрижен за нивното пријателство, и рекол: Џил отиде во Лондон на Игрите. Таа поминува премногу време со принцот Хари.

Бајденови станаа постојани поддржувачи на проектот на Хари, продолжувајќи да присуствуваат на „Инвиктус“ игрите во Торонто во 2017 година – настанот на кој Хари и Меган го направија своето јавно деби како пар.

Како британски државјанин, Хари не гласаше на изборите во САД – ниту пак некогаш гласал на избори во Велика Британија, поради неговиот кралски статус. Сепак, се смета дека Меган станала прва од кралството во поновата историја што гласала, а наводно гласала по пошта, пренесе „Мејл онлајн“.

Хари и Меган се чини дека имаат помалку од пријателски односи со сегашниот претседател Доналд Трамп, додава весникот.