April 15, 2021 09:22
Магазин

Принцот Хари и Меган се плашеле од „повторување на историјата“ алудирајќи на принцезата Дајана

„Си-би-ес“ објави неколку видео клипови од претстојното интервју на Опра со принцот Хари и Меган.

Војводата од Сасекс направи паралели помеѓу тоа како ја третирале неговата мајка Дијана и сопругата Меган, во тизер клипови од многу очекуваното телевизиско издание на Опра Винфри.

Во два клипови од 30 секунди кои ги објави „Си-би-ес“ изминатион викенд, Хари проговори за својата мајка  и вели дека тој и Меган се повлекле од кралските должности меѓу другото, и поради тоа што се плашел дека историјата може да се повтори, алудирајќи на судбината принцезата Дијана.

Опра ја прашува Меган дали имало „точка на кршење и дали е тивка или замолчена“, но војвотката не зборува во видео клипот.

Во клипот прикажана е фотографија на млад принц Хари со Дајана, а војводата вели: „Не можам да си замислувам како мораше да помине низ целиот тој процес сама пред толку години, бидејќи беше неверојатно тежок за нас двајцата – но барем се имавме еден со друг “.

Хари потоа ѝ вели на Винфри: „Најголема грижа ми беше повторување на историјата.“

Целосното интервју во САД ќе се емитува на 7 март.

Нејасно е кога програмата, Опра со Меган и Хари: „Си-би-ес прајмтајм спешл“, ќе се прикаже во Велика Британија.

Во интервјуто Меган ќе зборува за бракот, мајчинството, живот како член на кралско семејство и како се справува со интензивниот притисок на јавноста, соопшти „Си-би-ес“.