August 18, 2019 21:42
Магазин

Принцот Хари го прифати извинувањето за снимките од неговиот дом

Принцот Хари, британскиот војвода oд Сасекс, го прифати извинувањето на новинската агенција која го сними неговиот дом од воздух, соопшти денеска Бакингамската палата.

Адвокатот на Хари рече дека агенцијата „Сплеш њуз ендпикчер“ кон крајот на јануари изнајмила хеликоптер за да го фотографира и сними приватниот дом на Хари и неговата сопруга Меган во Оксфордшир, централна Англија, јавија официјални лица.

Објавувањето фотографии сериозно да ја загрози безбедноста и сигурноста на војводата и домот до тој степен што тие повеќе не можат да живеат на тој дел од имотот, изјави адвокатот во соопштението на судот.

Војводата го избра имотот за себе и за неговата сопруга поради високиот степен на приватност, имајќи ја предвид неговата позиција дека е опкружен со приватно земјоделско земјиште на кое фотографите немаат пристап.

Хари и Меган имаат напнат однос со печатот и, по раѓањето на нивното прво дете овој месец, избегнаа да позираат за традиционалните фотографии пред болницата.

Хари никогаш не ја криеше нетрпеливоста кон медиумите, бидејќи неговата мајка, принцезата Дијана, загина во сообраќајна несреќа во 1997 година, додека нејзиниот автомобил се обидуваше да им избега на фотографите.

Нови вести

Руските сателити наскоро ќе бидат невидливи од Земјата

Igor

Топењето на Гренланд го достигна нивото предвидено за 2070 година

Igor

Водата на Аљаска е толку топла што веќе ни рибите не можат да издржат

Igor