Свет

Принцот Ендру остана без титула поради судење за злоупотреба на малолетничка

Кралицата му ги одзеде сите кралски и воени титули на принцот Ендру поради тужбата што против него ја поднесе Вирџинија Џуфре, жена која тврди дека принцот ја малтретирал кога била малолетна.

Во соопштението од Бакингемската палата се вели: „Со одобрение и согласност на кралицата, воената припадност и кралското покровителство на војводата од Јорк и се вратени на кралицата.“

Војводата од Јорк повеќе нема да презема никакви јавни должности и се брани во овој случај како приватен граѓанин.

Да потсетиме, американскиот суд вчера ја отфрли жалбата на принцот Ендру и против него се уште е активно обвинение за сексуална злоупотреба на малолетник. Тој беше тужен од Вирџинија Џуфре, која тврди дека принцот сексуално ја злоставувал кога имала 17 години.

Во тужбата навела дека покојниот Џефри Епштајн тргувал со нејзиното тело и ја принудувал на секс со нејзините пријатели, меѓу кои бил и принцот, пишува CNN.

Таа тврди дека Ендру ја малтретирал и во куќата на Епштајн на Менхетен и на неговиот приватен остров на Американските Девствени Острови.

Таа додаде дека принцот Ендру бил свесен дека таа во тоа време била малолетна.

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

dubbed anime AnimeFreak Horimiya (Dub)

anime website One Piece

AnimeFreak The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 23

animefreaktv Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

animefreak Fairy Tail

tải go88