August 12, 2022 02:43
Свет

Принцот Ендру е сигурен во својата невиност: Бара судење пред порота

Војводата од Јорк побарал судење пред порота за случајот со Вирџинија Џуфре која го обвини за сексуално злоставување.

Вирџинија Џуфре, позната и како Вирџинија Робертс, тврди дека принцот Ендру сексуално ја нападнал на три различни места помеѓу 2000 и 2002 година.

Војводата изнесе 11 причини зошто случајот треба да биде отфрлен, тврдејќи дека обвинувањата на Џуфре биле „забранети со доктрината за согласност“ и поради „нејзиното незаконско однесување“.

Во судскиот документ во кој се наведени неговите причини за отфрлање на случајот, адвокатите на Ендрју рекоа дека принцот Ендру со ова побарал судење пред поротата

Џуфре го обвинува Ендру дека сексуално ја злоставувал кога била малолетна и имала 17 години во лондонскиот дом на британска членка на високите кругови Гислејн Максвел, во њујоршката вила на педофилот Џефри Епштајн и на приватниот остров на Епштајн, Сент Џејмс.

Судијата Левис Каплан претходно го одби барањето на војводата да го отфрли случајот пред судењето.

Епштајн изврши самоубиство во затвор пред две години додека го чекаше судењето за сексуални злосторства, додека Максвел минатиот месец беше осудена за сексуална трговија.

Принцот ги негираше обвинувањата што го принудија да се повлече од кралските должности.