August 19, 2019 15:47
Македонија

Принцот Едвард пристигна во официјална посета на Северна Македонија

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска попладнево на Скопскиот аеродром го пречека принцот Едвард, грофот од Сасекс.

По тој повод, Шекеринска на Твитер напиша „уникатна посета која зборува за одличните односи меѓу двете земји”.

Неговото височество принцот Едвард утре ќе присуствува во Националната филхармонија на настанот што треба да ги прикаже врските меѓу Велика Британија и Северна Македонија во образованието, животната средина и уметноста.

Ова е втора посета на принцот Едвард на Македонија. Тој во 2006 година ги отвори новите простории на британската Амбасада.

Нови вести

Ѓилас за А1он: Будалаштина е што ме поврзуваат со Боки 13

Igor

СДСМ: Нервозата во ВМРО-ДПМНЕ кулминира, дали е тоа поради повикувањето на еден од осмничените, Зоки Кичеец, на распит??

Igor

Јанева го одби барањето за изземање на Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“

Igor