August 20, 2022 01:17
Магазин

Принцот Вилијам го прослави денот на татковците со своите три деца

Британскиот принц Вилијам, кој дели три деца со војвотката Кејт Мидлтон, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, ретко покажува јавно приватни моменти со своите најблиски, но сега една фотографија на „Инстаграм“ покажа колку е грижлив и забавен татко.

Новата фотографија направена на сè уште непозната локација откри како принцот Вилијам ужива да биде со своите наследници за време на празниците. Со овој овековечен момент, војвотката Кејт Мидлтон му го честиташе Денот на таткото кој се слави во Британија на својот сопруг и сето тоа го објави на социјалните мрежи.

„На сите татковци и дедовци ширум светот им го честитаме Денот на татковците“, стои во објавата која ја воодушеви јавноста и собра над 680.000 „лајкови“.

На неа британскиот принц ги држи во раце своите две поголеми деца, осумгодишниот принц Џорџ и седумгодишната принцеза Шарлот, додека на рамениците му седи најмладиот, принц Луис. Сите заедно имаат широки насмевки на лицата и јасно им дава до знаење дека ги доживуваат најзабавните моменти.

За таа прилика, членовите на британската монархија се облечени нешто понеформално, па го гледаме принцот Џорџ во маскирен дезен кој не е типичен, додека саканата Шарлот е во кариран фустан, а Луис во шарени мотиви.