December 3, 2022 11:20
Македонија

Примислав Димовски веќе не е началник на Единицата за интервентна полиција

Примислав Димовски е сменет од позицијата началник на Единицата за интервентна полиција, пишува „Фокус“, повикувајќи се на свои извори во МВР.

Според информации, поранешниот боксерски репрезентативец Димовски е деградиран и поставен за советник за сообраќај во министерството.

Министерството за внатрешни работи засега не ја потврдува информацијата и не се знае зошто е сменет Димовски и кој ќе биде на негово место.

Тој беше командант на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфи“, а во 2019 година беше назначен и за началник на трансформираната Единица на интервентна полиција.