November 27, 2020 16:41
Хроника

Прилепчанец кршел и тепал во продавница

Вчера напладне во продавница во Прилеп   се случувал хаос кога маж влегол и почнал да крши, а потоа го нападнал и синот на сопственикот на продавницата.

Како што информира МВР,  К.Б.(60) од Прилеп пријавил дека додека бил на своето работно место во продажен објект во Прилеп, О.М. се однесувал агресивно и се обидел физички да го нападне, оштетувајќи го инвентарот, по што пристигнал М.Б.(31), син на пријавителот, кој бил физички нападнат од О.М.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.