September 15, 2019 08:09
Скопје

Признанија за најдобрите спортисти – ученици и наставници во општина Карпош

На новите терени на фудбалското и кошаркарско игралиште во ООУ „Јан Амос Коменски“ денеска се одржа доделување признанија на најуспешните ученици – спортисти во училишните спортски лиги во ракомет, фудбал, кошарка и одбојка, а наградени беа и професори по физичко образование.

На овој спортски настан присуствуваа и дел од нашите спортски легенди во ракомет и кошарка, Валентина Радуловиќ и Ѓорѓи Чековски, како и селекторот на Одбојкарската федерација, Дејан Стојанов, и нашиот перспективен фудбалер Дарко Чурлинов.

Овие спортисти заедно со градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, ги доделија признанијата за најуспешните, при што најдобрите спортисти ученици добија еднократна парична поддршка во вредност од 8.000 денари.

„Карпош ги има едни од најдобро организираните училишни спортски лиги, а присуството на овие врвни спортисти е потврда за квалитетот на истите. Општината изминатата година сериозно инвестираше во подобрување на спортската инфраструктура, па затоа имаме нови терени во ООУ ‘Јан Амос Коменски’ и ООУ ‘Војдан Чернодрински’“, рече Богоев.

Нови вести

Ученици со попреченост од средните училишта во Скопје ќе добиваат стипендии

Igor

Скопје ќе ја одбележи Европската недела на мобилност „Пешачи со нас”

Igor

Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган

Igor