June 23, 2021 03:24
Балкан Македонија

Привремената влада во Бугарија нема да го смени курсот за Македонија на патот кон ЕУ

Наследникот на Екатерина Захариева во привремената влада, Светлан Стоев порача дека позицијата на неговата земја за Македонија била усвоена со консензус од сите политички сили во парламентот и нема да има промена.

Стоев вели дека немаат овластувања да ја сменат позицијата, но она што зависи од привремениот кабинет и министерот за надворешни работи, ќе се направи се дијалогот да продолжи.

– Отсега натаму, сè е во рацете на официјалните лица во Скопје. Тие се многу загрижени за бугарската позиција и не треба да шпекулираат дека ќе има каква било промена во следните 2-3 месеци за време на оваа привремена влада – изјави Стоев, министерот за надворешни работи.

Новиот премиер Стефан Јанев во првото обраќање не го спомена проблемот со Македонија, и порача дека основната цел на неговата влада е да организира фер и демократски избори.

Во мегувреме, Бугарија во Брисел ја убедува унијата дека идентитскиот спор кој таа го наметна, не бил билатерален, односно спор на релацијата Софија – Скопје, туку проблем на Европската унија. Судејки според ставовите на постојниот претставник на Бугарија во ЕУ, амбасадорот Димитар Цанчев изнесени на вчерашниот состанок на Советот за општи работи, каде употребувајќи го терминот земја кандидат, наместо директно Македонија, Цанчев зборувал за прашање кое ги загрозува темелите на унијата, кога земјата кандидат наметнува услови за пристапните преговори кои изјавил ЕУ не смее да ги толерира..

Премиерот Заев по посетата на Брисел вчера порача дека владата е подготвена да продолжи со дијалогот со Софија и со техничката влада, но потенцираше дека на преговарачката маса не може да биде ставен нашиот идентитет и јазик, и тоа треба да и е јасно и на Бугарија и на ЕУ.

AnimeFreak amine freak tv: High-Rise Invasion Episode 12

AnimeDao classroom of the elite animedao: Attack on Titan (Dub) (https://animedao.nl/m/PXlK) Episode 25