August 14, 2022 21:22
Хроника

Приведен скопјанец за издржување затворска казна

Денеска (24.06.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ј.Б.(61) од Скопје. Приведувањето е направено врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297 ст.3 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено-поправна установа.