January 21, 2019 23:42
Свет

Приведен осомничениот за хакерски напад на германски политичари

Германските власти денеска објавија дека притворен е осомничениот за хакерскиот напад кој резултираше со објавување информации за стотици политичари и познати личности на интернет, пренесе агенцијата АП.

Се наведува дека Канцеларијата на федералната криминалистичка полиција објавила дека бил пребаран стан на осомничен 20-годишник од провинцијата Хесен во централниот дел на Германија. Засега не се соопштуваат повеќе детали, но за подоцна во текот на денот најавена е прес-конференција.

АП потсетува дека речиси 1 000 луѓе беа погодени од ова истекување на податоци и дека во повеќето случаи нападот се сведувал на објавување основни информации за тоа како да се контактираат тие луѓе, но и дека во околу 60 случаи биле откриени подетални лични податоци.

Агенцијата информира дека, според истрагата, биле објавени податоци на пратеници од сите партии во Бундестагот, освен на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АФД).

Related posts

Ужасни снимки од патниците кои го преживеаја падот на авионот во Мексико

24news

Пожар во засолниште во Ирак, најмалку девет лица загинаа

Filip

Нетанјаху: Протерувањето на дипломатите јасна порака на Рама до иранскиот режим

Ivona