August 10, 2022 22:39
Uncategorized

Приведен криминалец осуден на скоро 13 години затворска казна 

На 22.11.2021 во 22.55 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги на подрачјето Кисела Вода го лишија од слобода С.К.(38) од Скопје. Тој се барал со потерница од Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од 3 години 4 месеци и 17 денови, од вкупно предвидената казна од 12 години и 10 месеци. Тој е сторител на повеќе кривични дела, и тоа „убиство”, „насилство” и „оштетување на туѓи предмети”, казниви по чл.123, чл.386 и чл.243 од Кривичниот законик. С.К. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна.