December 5, 2022 21:42
Uncategorized

Приведен крадец од неготинско           

На 23.11.2022 во 23.50 часот во с.Пепелиште, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.В.(46) од с.Пепелиште. Тој се сомничи дека со остар предмет скршил стакло од продажен објект во селото, сопственост на Р.З.(65) и се обидел да изврши „тешка кражба”. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а С.В. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.