December 7, 2022 20:54
Uncategorized

Приведен крадец баран со централна потерница  

Денеска (05.10.2022) во 10.20 часот на ул.„Тодор Чангов” во населба Лисиче, Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Скопје.

Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.