February 29, 2020 12:02
Хроника

Приведен жител на Зајас, запалил бандера на ЕВН

На 14.08.2019 во 10.50 часот во Полициското одделение Зајас пријавено е дека во селото , во месноста  Думовско маало настанал пожар, при што зафатена е сува трева и бандера, сопственост на ЕВН.

Пожарот е изгаснат од противпожарна единица од Кичево. По преземени соодветни мерки и активности, во ПО Зајас обезбеден е Р.З.(67) од с.Зајас, осомничен дека го предизвикал пожарот, и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.