August 10, 2020 23:01
Свет

Приведен е лидер на јужнокорејската секта, над 5.000 членови се заразени со коронавирус

Властите на Јужна Кореја го уапсија лидерот на религиозна секта поврзана со најголемиот кластер на коронавирус во оваа земја, јавува Би-Би-Си.

88-годишниот Ли Ман-хе, кој беше уапсен денес, ја водел религиозната секта. Повеќе од 5.000 нивни припадници, или околу 36 отсто од сите случаи на ковидид-19 во Јужна Кореја, биле заразени.

Властите го обвинија водачот на сектата дека крие информации за собири и контакти. Од сектата велат дека Ли бил загрижен за заштита на приватноста на членовите, но оти тој никогаш не криел информации од властите.

Досега во Јужна Кореја се заразени 14.336 лица, а 300 од нив починале.