February 2, 2023 22:42
Хроника

Приведен арамија кај кого се пронајдени сите украдени предмети кои ќе бидат вратени на сопственикот

Денеска (04.12.2022) од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода бил лишен од слобода Т.К.(35) од Скопје. Тој се сомничи дека на 03.12.2022 во периодот од 12.40 до 15.40 од механичарска работилница на подрачјето на Кисела Вода, сопственост на З.А.(39) од Скопје, извршил кривично дело “тешка кражба”, при што одзел компјутер, голема хидраулична дигалка и голема количина на разновиден механичарски алат и електронски апарати.
По преземени мерки од полициски службеници сторителот на кривичното дело е откриен, пронајден и приведен во полициска станица, а сите одземени предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.
Во координација со дежурен Јавен обвинител, по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.