August 13, 2022 18:30
Хроника

Приведено лице во тетовско за доиздржување затворска казна

На 27.06.2022 околу 14.00 часот во тетовско Јажинце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево го привеле 43-годишниот Б.Б. од ова село. Тој бил баран со потерница за доиздржување на затворска казна од две години и еден месец во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
Подоцна, тој бил донесен во Полициската станица Тетово и спроведен во казнено-поправната установа.