December 5, 2021 11:21
Uncategorized

Приведено лице барано со потерница за издржување казна затвор

Во скопско Катланово вчера во 15.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.М.(32) од село Пакошево, општина Зелениково.

Од МВР денеска соопштија дека таа била барана со потерница од Основниот суд Скопје-1 за издржување казна затвор  за сторено кривично дело „кражба” по член 235 од Кривичниот законик.

Таа била спроведена во Казнено – поправната установа Идризово за издржување на казната.