Хроника

Приведени 11 девојки во полициска акција во угостителски објект во Жеровјане

Во полициска акција спроведена ноќеска во угостителски објект во село Жеровјане, тетовското приведени се 11 девојки.

Како што соопшти МВР, ноќеска од 23:00 до 04:00 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, тетовското сопственост на Х.А.(29) од Боговиње.

При контролата, во објектот биле затекнати пет странски и шест македонски државјанки. Петте женски лица од Република Србија на возраст од 21 до 29 години приведени се во Полициската станица Тетово и по кусото задржување, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, се наведува во соопштението од МВР.

Нови вести

Џип прегазил 7-годишно дете кај Батинци

Daniela

Автомобил се забил во дрво, возачот починал

Daniela

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Ново Село

Valentina