October 21, 2020 14:39
Хроника

Приведени четворица од дрвокрадците кои тепаа полицајци

Двајца од петмината полицијаци кои синоќа беа нападнати кај велешкото село Степанци се тешко повредни, додека останатите тројца се со полесни повреди. Еден од потешко повредените доцна вечерта бил пренесен од болницата во Велес на скопските клиники и тој според информациите до доцна во ноќта се бореше за својот живот.

Според неофицијалните информации полицаецот има 48 години, додека неговиот три години постар колега кој е со потешки повреди на стомакот останал во болницата во Велес.

Сите пет беа нападнати од дрвокрадци од кои четвторица беа приведени пред полноќ. Полицајците се од полициската станица Чашка.

„Околу 20.00 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група граѓани кои вршеле бесправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка. Досега се приведени 4 лица. Се работи на расчистување на случајот“- се вели во соопштението на СВР Велес по вчерашниот брутален напад врз полициските сили од страна на поголема група дрвокрадци.