January 27, 2020 10:58
Балкан

Приведени две лица по напад со боја и летоци врз канцелариите на грчки весник

– Група од околу 25-30 лица попладнево се собрале пред канцелариите на грчкиот весник „Димократиа” во Атина и  со спреј на ѕидовите напишале навредливи слогани против новинарите и фрлиле летоци, по што полицијата привела две лица, објавија грчките медиуми.

Инцидентот го осудија како од грчката Влада, така и од опозициската СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик-министер под премиерот и портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас изјави дека тие кои на мета го ставија весникот, „додадоа уште едена алка во синџирот напади врз демократијата”.

– Остро ги осудуваме ваквите фашистички напади кои се насочени кон слободата на изразување, вели Пецас.

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас на неговиот Твитер профил напиша дека нападот врз весникот е апсолутно за осудување.

Портпаролот на опозициската СИРИЗА, Алексис Харицис рече дека нападот ја навредува слободата на изразување.

Нови вести

Панајотопулос: Ако Турција ги премине „црвените линии” должни сме да реагираме

Igor

Аерозагадувањето на Балканот опасно и за ЕУ

Igor

Србин кој живее во Вухан: Не стравувам, но едвај чекам да си дојдам дома

Igor