February 4, 2023 20:26
Хроника

Приведени двајца скопски дилери на хероин

На 23.01.2023 во 21.20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(34) од Скопје.
При претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Центар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и вага.

На 23.01.2023 во 14.00 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(52) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен хероин.

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.