August 14, 2022 09:15
Хроника

Приведени двајца кумановци превезувале мигранти од Куба

На 28.11.2021 во 11.50 часот на автопатот А-1, на место викано „Клучка Прдејци”, во правец Скопје–Гевгелија, од патролен тим од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица со тим од Р.Чешка биле лишени од слобода Р.Љ.(55) и А.Ќ.(46), двајцата од Куманово, бидејќи при контрола на патничко возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Љ., во кое совозач бил А.Ќ., биле пронајдени три лица мигранти од Куба. Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418 од Кривичниот законик, двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка.