August 8, 2022 17:30
Uncategorized

Приведени двајца крадци, расчистена тешка кражба, одземеното вратено на сопственикот

На 10.05.2022 во 17.30 и во 18.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Петровец ги лишиле од слобода М.М.(24) од с.Идризово, скопско и Ф.С.(22) од Скопје.  Тие се сомничат дека ноќта помеѓу 28 и 29.04.2022 одзеле повеќе предмети од фирма во населба Илинден.
Двајцата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.