August 19, 2022 13:59
Хроника

Приведени албански државјани кои краделе дрва од струшко

Во голема полициска акција на Единицата за брзо распоредување и СВР Охрид денеска во струшко се лишени од слобода повеќе лица, повеќето албански државјани, фатени при бесправна сеча на дрва. Кај нив пронајдени над 30 кубика дрва. МВР ја потврдува акцијата, а повеќе информации најавува во текот на утрешниот ден.